Сарма од винова ЛОЗА (без месо)
- Vedrana Gaia
- Nov 29, 2024
- 2 min read
Денеска на мени ќе ставиме рецепт од САРМА од винова лоза. Едно од моите поомилени јадења.. Но, бидејќи не јадам МЕСО, создадов мој идеален рецепт за едноставна сарма со листови од ВИНОВА ЛОЗА.. Па да започнеме..

За овој рецепт потребни ви се:
1 тегла винова лоза
1 голем кромид (многу ситно исецкан)
4-5 моркови (рендани)
Рака свеж магдонос ситно исецкан
1 шолја бел ориз
1 стапче исцкан праз (но и не мора, јас ставив по желба)
1 мала шолја томатело сос помешано со малку вода
Водата од теглата во која лежеле сармите
Зачини:
1 м.л. вегета
1 г.л. црвен пипер
Бибер и сол
Подготовка на смесата:
Се мешаат сите зеленчуци со зачините и малку зејтин за да се залепат, и се оставаат 10тина минути да се маринираат (јас моите ги пропржив, но немате потреба) во меѓувреме ги припремаме листовите од винова лоза за виткање, убаво ги одвојуваме и одлепуваме. По целиот овој припремен процес, во едно средно големо тенџере премачкуваме малку томателос сос со зејтин и одвојуваме неколку листови за на дното во тенџерето и ги редиме да го покриеме целосно дното. Потоа врз спружените листови почнуваме да редиме од ѕидовите на тенџерето, кон навнтатре сарми.
Подготовка на сармите:
Легнуваме еден лист винова лоза во тањир, на тој начин што точката од каде што лежи стебленцето е поставена од наша страна, а крајот на листот на спротивната страна од нас. Земаме една голема лажица од смесата (ориз, морков, кромид и магдонос) и ставаме “во срцето“ на листот (види слика под):

Откако ќе ставиме лажица со смеса, потоа ги земаме листовите од лево и десно и ги преклопуваме врз смесата (сите странични листови, за да можеме да ја роламе сармата до крајот на листот кој лежи отспротива (без странично да ни висат листови). Што значи, прво ги виткаме страничните, па на крај од таму ја земаме полузавитканата сарма и ја роламе до последниот лист спроти нас (доколку на некој не му е јасно, нека напише на јутуб "sarma od vinova loza" и нека погледне било кое видео за да види визуелно).
Се редат сите сарми залепени една до друга во круг, од надвор кон внатре во тенџерето и на секој “спрат“ посолувате и ставате малку зејтин и попрскувате неколку лажици вода од водата во која што “лежеле“ лозите во теглата. На крај, откако ќе ги наредите сите, ја дотурате целата вода од листовите од теглата и го истурате остатокот од томатело сосот измешан со вода и поклопувате - ставате еден мал/голем плиток тањир за да го собере во тенџерето и целосно да ги покрие сармите за да не се подигнуваат при варењето.
Варење:
Сармите ги варите со поклопен тањир + отворен капак на средно кон силно тивко околу 1 час - 1 ипол час (ги проверувате сармите кога сметате дека се за вас идеално подготвени). Треба да имаат сочен вкус, но, да не бидат претерано варени, бидејќи треба да се почувствува сокот од виновата лоза.
Уживајте во галеријата и СПОДЕЛЕТЕ го овој рецепт.
Comments