top of page

Што е вистинска љубов?

Љубовта значи бистрина на погледот и прецизност на одговорот. Да го видиш другиот јасно, онаков каков што е. Тоа е некаков минимум што го очекувам од љубовта. Како можам да те сакам ако не те гледам добро?



Најчесто, кога се гледаме, никогаш не е тоа вистински. Само бараме одредена слика! Дали некој маж е во однос со својата жена или со сликата која ја створил за неа? Истото важи и за жената.


Сум доживеал\a одредено искуство со тебе. Тоа искуство го паметам и те ценам врз основа на своето искуство. Те носам во себе, каде и да одам. Работам и реагирам поаѓајќи од своето искуство со тебе, а не од она што навистина си. Не те гледам тебе, туку само сликата која сум ја создал за тебе.


Кога по некоја караница, ќе пријдеш и ќе му речеш: ‘’Жалам за онаа расправија’’, би било фантастично кога не би се сеќавал на ништо. Тоа го наоѓаме кај мистиците, кога говорат за прочистување на меморијата! Тие под ова не мислат дека сè треба да заборавиме, туку дека треба да се ослободиме од сите емоции. Излечете се од страдањето!


Вие велите: ‘’Се сеќаваш ли колку бевме вљубени пред две години?’’ Сакаш ли да реагирам врз основа на она од пред две години, или на она што си сега во моментот? Кога на љубовта се мисли како на инвестиција, тогаш не се знае што е љубов.


Љубовта е како слушање некоја симфонија, што значи да се биде чувствителен на звуци. Да имаме срце кое е чувствително на сè и кон сите. Можете ли да замислите слушање симфонија ако вниманието е свртено само на тапаните. Вистинскиот познавач на музика го слуша звукот на секој инструмент, без оглед што постои и негов омилен инструмент.


Кога ќе се вљубите, кога ќе се врзе вашето срце, ќе се припие до нешто, кога ќе се фиксира за нешто, знаете ли што се случува тогаш? Објектот на вашата страст препотентно расте додека останатите исчезнуваат. Љубовта не е однос. Таа е состојба. Љубовта постоела и пред човечките битија. Пред да постоите вие, љубовта веќе била тука. Ви реков: ‘’Кога окото е слободно, тогаш гледаме’’. Ништо не може да направите за да ја здобиете љубовта. Кога ќе станете свесни за своите должности, своите поврзаности, опсесии, предрасуди, наклоности, и кога ќе успеете од сето тоа да се ослободите, тогаш ќе се појави љубовта. Кога окото е слободно, гледаме. Кога срцето е слободно, сакаме.



Извадок од книга: Антони Де Мело - Новиот ден

Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page