Што не е љубов?
- Vedrana Gaia
- Feb 14, 2024
- 2 min read
Честопати може да видиме две празни личности кои зависат една од друга, две недовршени личности кои взаемно се потпираат. Како две домино плочки кои се потпрени една на друга. Ако едната падне, ќе падне и другата. Зарем тоа е љубовта?

Не можеме да говориме за љубов ако таа служи да ја направи поднослива осаменоста.
Кога се чувствуваме празно, веднаш трчаме празнината да ја пополниме со некого. Тое не е љубов. За да избегаме од осаменоста и празнините се впуштаме во било каква активност, се фрламе на некоја работа или во нечија прегратка.
Но, осаменоста не може да се излекува со контакт со човечки битија, туку само со контакт со стварноста.
Кога ќе се соочиме со осаменоста, откриваме дека таа не постои. Во стварноста не постојат никакви празнини. Она што го барате веќе е во вас. Ако сериозно му пристапите на сѐ што се наоѓа во вашата душа, ќе исчезне сето она од што бегате, а ќе исплива она што го барате.
Кога се говори за љубовта, обично се говори како за некаква стока за продажба: “Дали си добар кон мене? Ќе бидам тогаш и јас кон тебе! Дали си нежен кон мене? Тогаш и јас ќе бидам кон тебе. Не си учтив кон мене? Штета, симпатијата која ја чувствував кон тебе се претвори во антипатија!“. Зарем тоа е љубов? Тоа е берза на емоции камуфлирани во љубовно однесување.
Љубовта не е желба.
Пред две и пол илјади години, Буда рекол:
„Светот е полн со страдање. Потеклото, коренот на страдањето е желбата. Кога ќе ја укинеме желбата, го укинуваме и страдањето.“
Под желба се подразбира сѐ она од чие задоволување зависи нашата среќа. Нашето општество, нашата култура, непрекинато поттикнува во нас нови и нови желби. Сѐ повеќе и повеќе нѐ насочува кон незадоволство, несреќа и егоизам. Светот е преполн со страдање. Корен на страдањето е желбата. Укинувањето на страдањето почнува со укинување на желбата.
Амбицијата е одредено миење на мозокот на кое сме сите изложени!
Нѐ научиле дека без амбиции ништо нема да направиме во животот. Заборавија на енергијата и уживањето кои може да се пронајдат во работата.
Во Кина постои оваа изрека: „Кога стрелецот ќе ја оптегне стрелата надвор од натпреварот, ја покажува целата своја способност. Кога во предвид доаѓа медал, тогаш е нервозен. Ако се нуди златен пехар, тогаш станува слеп. Неговата способност е секогаш иста, но наградата прави да мисли повеќе на победата наместо на гаѓањето. Напнатоста врзана за победата го прави слаб.“ Амбицијата го замаглува неговиот поглед.

Љубовта не е желба, не е опсесија. Да се вљубиш во нешто е сосема спротивно од она да сакаш, но вљубувањето е во мода. Тоа е болест од која сите би сакале да се заразат.
Извадок од книга: Антони Де Мело - Новиот ден
Комментарии