Основата на самодовербата
- Vedrana Gaia
- Dec 15, 2023
- 3 min read
Updated: Dec 22, 2023
Во личниот развој постои принцип, или закон на станување, според кој секоја личност се наоѓа во постојан процес на станување, или развивање и растење во насока на своите доминантни мисли.

Вашето тело истотака се наоѓа во состојба на станување. Со нормално темпо на изумирање и надоместување на клетките, добивате ново тело на секои седум години. Додека вашата физичка еволуција во тоа станување зависи од храната што ја внесувате, вашата умствена еволуција во голема мера е одредена од мислите што ги негувате во својот ум.
Станувате она што мислите
Ако постојано имате храбри и смели мисли, постепено станувате посмели, похрабри и посамоубедени. Колку повеќе размислувате за личноста што сакате да бидете, со особини какви што сакате да поседувате, толку повеќе ги всадувате тие мисли длабоко во својата потсвест, каде што стануваат дел од вашето постојано развивање. Она за што обично размислувате, на крајот станува дел од вашиот карактер и од вашата личност.
Во оваа смисла, вие сте самосоздадени личности. Таму сте каде што треба да бидете благодарение на мислите на кои сте им дозволиле да го преукопираат вашиот ум. Она за што сте размислувале во последните месеци и години, тоа и сте станале. Тоа сте сега, вие, денес – точен реципроцитет резултат на сите тие мисли.
Личниот развој не е лесен
Мислите посеани во умот даваат соодветен род. Што мислите - тоа ви се случува. Вашите мисли стануваат ваша реалност. Навистина станувате она за што постојано мислите. Не можете да посеете еден вид мисла, а да искусите поинаков живот.
Според тоа, развојот на непоколебливата самодоверба започнува кога ќе преземете целосна, системска и целна контрола врз содржината на својот свесен ум, дисциплинирајќи се себеси постојано да мислите само за работите кои ги посакувате и решително да ги отстранувате мислите од работите што ве плашат.
Целиот живот е однатре кон надвор. Од внатрешното кон надворешното. Она што го гледате однадвор во голема мера е одраз на она што се случува во вас.
Вашиот внатрешен живот го одредува вашиот надворешен живот. Ќе бидете исполнети со вистинска среќа и успех доколку го живеете животот во хармонија со законите што ве водат. Иако се невидливи, потсетуваат на законот за гравитација – ако го прекршиме, го правиме тоа на свој ризик. Среќни се оние луѓе кои ги почитуваат и следат законите на природата.
Почнете со својот внатрешен живот
Ако сакате да зрачите со самодоверба кон надвор, мора да поседувате интегритет внатре во себе. Основата на самодовербата е да си го живеете животот во согласност со своите најважни вредности и принципи, истовремено размислуваќи и дејствувајќи во хармонија со своите највисоки стремежи.
Најцврста самодоверба поседуваат оние личности кои јасно знаат што е правилно, добро и вредно и кои го живеат својот живот доследно со овие вредности, а тоа што го прават или зборуваат е израз на нивните најдлабоки убедувања. Целиот свет може да се сруши околу вас, но сѐ додека знаете дека ја правите вистинската работа, ќе имате длабок внатрешен спокој што ќе се пројавува во став на доверба и самоувереност во секоја ситуација.
Одредете ги своите вредности
Појдовна точка за стекнување поголема самодоверба и за станување супериорно човечко суштество е да размислите за сопствените вредности и да одлучите кои вредности ви се навистина важни. Супериорни личности се оние кои одвоиле време јасно да одлучат во што веруваат, и по кој редослед, а потоа ги организирале своите животи доследно на овие вредности, и тоа во секој аспект.
Редослед на вредностите ве принудува да бирате
Ако семејството ви е поважно од здравјето или работата, секогаш ќе го жртвувате своето здравје или работата за благосостојбата на своето семејство. Ако вашиот редослед на вредности се смени и ако работата или финансискиот успех ги ставите пред здравјето, ќе велите дека би го жртвувале своето здравје ако е неопходно да напредувате во кариерата.
Избирајќи ги своите вредности и ставајќи ги во некој редослед по важност, всушност, создавате умствена и емоционална структура која ви е овозможува да правите подобри избори и да носите подобри одлуки во секоја област од својот живот.
Преиспитан интегритет
Се чини дека интегритетот е апсолутен услов за успешен човечки живот. Неуспех во интегритетот или загрозување на вредностите, не само што ќе донесе казна каква што заслужува злоделото, без разлика дали е во бизнисот, политиката или приватниот живот, туку ќе предизвика и високо ниво на стрес, несреќа и внатрешно превирање во животот на поединецот. Оваа потреба за целосен интегритет бара да ,,живеете во вистинa‘‘ со сите луѓе и во сите околности. Да се живее во вистина значи никогаш да не се живее во лага. Тоа значи дека никогаш нема да го загрозиме својот интегритет заради работата, парите или врската. Тоа значи дека секогаш ќе го правите и ќе зборувате за она што верувате дека е правилно и точно, без разлика на краткорочната цена и придобивка.
Да се живее во вистина значи да не се самозалажувате. Се соочувате со животот, врските и околностите такви какви што се, а не такви какви што сакате да бидат. Да живеете во вистина значи дека никогаш нема да останете во ситуација што ве прави несреќни или за која сметате дека од која било причина е погрешна за вас.
Можеби ќе ве интересира повеќе за: Уверувања

Comments